Македонија го одржа првиот тренинг по собирот за Шкотска и Словенија

1

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на комплексот Петар Милошевски во Скопје го одработи првиот тренинг откако денеска селекторот Гоце Седлоски ја одржа и официјалната прозивка за дуелите со Шкотска и Словенија.

Истите се секако завршница за тековната Лига на Нации, Б дивизија. Македонија сеуште нема победа, ниту пак постигнат гол во оваа кампања, а шансата таа ситуација да се поправи секако дека сеуште е тука.

Нашите репрезенаттивци денеска при пристигнувањето во базата на селекцијата и најавија такво нешто, во насока на тоа дека шансата за поволен резултат се гледа и во Шкотска, а особено во Скопје против Словенија.

Мечевите се играат на 13. односно 16. во Глазгов односно Скопје.

 

ПретходноТФТ со „фото финиш“ победа над Куманово