Кратко траеше убавата белградска ракометна приказна наречена Партизан. Вечерва целокупниот управен одбор на клубот кој што периодов стигна дури до настапи и во Лигата на Шампионите си поднесе оставка. Тоа значи дека РК Партизан влегува во фаза во која што ама апсолутно ништо не се знае што и како ќе се случува понатаму.
Едно е сигурно. Скапиот проект завршува.
А во истиот секако удел имаше и екс македонскиот селектор, и тренер на Вардар, Раул Гонзалес, кој што по сето ова многу веројатно дека ќе си замине.
„Ракометниот клуб Партизан ја известува јавноста дека Миљан Жугиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор и со самото тоа, согласно статутот на клубот, целиот управен одбор е разрешен. Жугирќ истакна дека ваквата одлука ја донел поради неможноста да го финансира клубот поради новонастанатата ситуација со блокадата на клубот. Собранието има рок од 30 дена да биде свикана седница на која ќе бидат именувани нов претседател и членови на управниот одбор“, се вели во соопштението на РК Партизан.










