РК Вардар и Виктор Јанковски ја продолжуваат соработката и во наредната сезона. Од таборот на актуелниот македонски првак им најавија на своите фанови дека полека го градат тимот за уште посилен Вардар.
„РК Вардар со задоволство објавува дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи нашиот црвено-црн дрес. Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во нашиот состав, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година.
Активно работиме на кроењето на тимот, за уште посилен Вардар“, соопштија од таборот на РК Вардар.










