Карате репрезентацијата на Македонија го заврши настапот на Балканското првенство за кадети, јуниори и У21, кое од 6 до 8 ноември се одржуваше во Истанбул, со вкупно 11 освоени медали – четири златни, два сребрени и пет бронзени.
На последниот натпреварувачки ден, во екипна конкуренција, машкиот јуниорски кумите тим освои златен, а машкиот У21 тим бронзен медал.
Од индивидуалните настапи, златни медали освоија Реџеп Рушити во категоријата У21 до 84 килограми и кадетот Гордан Божовиќ во категоријата над 70 килограми. Среброто му припадна на јуниорот Дарин Куртановиќ, додека бронзени медали освоија Кенза Фетаи и Филип Стојанов во конкуренција до 21 година.
Дардан Алија избори финале во кадетската категорија до 63 килограми, а Нуредин Дервиши преку репасажот стигна до петтото место.
Со освоените 11 медали, Македонија го освои четвртото место во генералниот пласман, во конкуренција на 13 земји учеснички. Успехот претставува одлично признание за настапот на македонските каратисти, нивните тренери и стручниот штаб.










