Осумкратниот кинески првак Гвангжу Евергранд испадна во Втората лига

295

Во изминатите десет години Гвангжу Евергранде беше гигант во кинескиот фудбал, имаше милиони, купуваше ѕвезди од Европа и од Бразил, два пати беше азиски клупски шампиони но сега падна дотаму што од наредната сезона ќе игра во Втората кинеска лига. Се тргна надоле кога градежната фирма која го спонзорираше клубот, паднала во финансиски проблеми.

По само три победи во 33 натпревари и низа без победа од август овој клуб испадна од елитниот ранг. Но може и да не остане во Втората лига, туку целосно да згасне затоа што Евергранд банкротираше после долгови од 250 милиони евра. Клубот ако итно не најде спонзор нема да може да се одржува и ќе престане да постои.

Гвангжу осум пати беше првак на Кина од 2011 до 2019 година, тренер им беше Марчело Липи, потоа и Луис Фелипе Сколари и Фабио Канаваро. Таму играа Паулињо, Лукас Бариос,Џексон Мартинез, Робињо, Алесандро Дијаманти, Алберто Џилардино…

ПретходноБриж, кој направи сензација во ЛШ, го отпушти тренерот
СледноЏејмс пак се повреди и пак на пауза: Ова ми е најтешката година