Богдановиќ испиша историја – го остави зад себе Тони Кукоч (ВИДЕО)

529

Бојан Богдановиќ на новогодишната ноќ испиша историјата во хрватската кошарка. Со двете слободни фрлања на средината на првата четвртина при гостувањето на Детроит кај Минесота дојде до 9811 поени во кариерата и со тоа стана првиот хрватски стрелец во НБА лигата на сите времиња.

Претходен рекордер беше Тони Кукоч, кој постигна 9.810 поени на 846 одиграни натпревари. Доколку нема здравствени проблеми, Богдановиќ без проблем би требало да стане првиот Хрват со повеќе од 10.000 поени во најдобрата лига на светот во 2023 година.

Богдановиќ постигна вкупно 28 поени со шест скока и пет асистенции во мечот, кој Пистонс го добија со 116:104 на гостувањето кај Минесота.

ПретходноМајката на Пеле сè уште не знае дека тој починал!
СледноГостивар со ново засилување!