Мајката на Пеле, Селесте (100) се уште не знае дека нејзиниот син починал минатиот четврток, открила за бразилските медиуми сестрата на Пеле, Марија Лусија.Таа веќе некое време се грижи за нејзината мајка и тврди дека се уште не и ја соопштиле веста бидејќи семејството не е сигурно како да се справи со тоа.
Освен тоа, Селесте не е ни способна да разбере што и се зборува во секое време, а прашање е дали воопшто би можела да се сети на таа вест доколку еднаш се соочи со неа.
„Зборуваме, но таа не разбира што се случува. Таа е во свој свет. Ги отвора очите кога ќе го спомнам неговото име и велам: „Ќе се молиме за него“, но таа не е навистина свесна што кажувам “, рече Марија Лусија.
Пеле почина на 82-годишна возраст во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло на 28 декември од повеќекратно откажување на органите поврзано со неговата долга борба со ракот на дебелото црево.










