Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен и на репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе, во моментов е еден од најскапоплатените фудбалери на планетава. Тој за една година од мај 2021 до мај 2022 година заработил сума од 43 милиони долари. Според пресметките, клубот во овој период на Мбапе му префрлал неделна плата од 545.000 долари. Сепак, на крајот од минатата сезона тој потпиша продолжување на договорот со францускиот клуб со што стана најплатениот играч во светскиот фудбал.
Според Sky Sports, тригодишниот договор е во вредност од 4,9 милиони долари месечно, додека на 23-годишниот играч исто така му беше даден бонус за потпишување од 123 милиони долари.
Форбс тврди дека Мбапе заработил 15 милиони долари надвор од теренот меѓу мај 2021 и мај 2022 година. Тој е партнер со брендови како Nike, Oakley и Hublot, а исто така е актуелно лице на серијата видео игри на EA Sports, FIFA.
Нетото богатство на 23-годишното момче се проценува на 150 милиони долари.
За приватниот живот на Мбапе малку се знае, иако медиумите пишуваа дека тој живее во стан во Париз вреден 10,4 милиони долари. Мбапе купи стан на повеќе нивоа од 6.400 квадратни метри во најскапата населба во главниот град на Франција во 2017 година. Неговиот дом има 12 спални соби, игралиште за кошарка, библиотека, теретана и турска бања. Исто така, има поглед на Ајфеловата кула со џакузи на палубата.
Француската ѕвезда поседува и голем број луксузни автомобили. Тој има колекција на автомобили во кои се вклучени Volkswagen Touareg од 128.000 долари; Mercedes-Benz V класа од 144.000 долари; како и Ауди, БМВ и Ренџ Ровер. Неговиот најскап автомобил е Ferrari 488 Pista во вредност од 565.000 долари. Овој модел Pista кој го поседува Мбапе има 3,9L Twin-Turbo V8 мотор способен да испорача до 720 коњски сили и молскавична максимална брзина од 211 милји на час.
Но, она што е интересно е што Мбапе не поседува возачка дозвола, што значи дека не може да седне зад воланот на ниту еден автомобил во неговата луксузна флота. Наместо тоа, тој мора да прибегне кон користење на сопствен возач.
Меѓу лудите хобија на младата ѕвезда на ПСЖ е и собирањето на патики. Во 2018 година, францускиот репрезентативец глумеше во серија во која познатите личности застануваат во продавница за патики во Лос Анџелес, Flight Club, за да разговараат и да купат сè што е поврзано со најновите модели на патики.
Тој ја напушти продавницата со два пара ретки спортски обувки во вкупна вредност од 1226 долари.










