Манчестер Ј. го врати Дубравка во Њукасл

314

Словачкиот голман Мартин Дубравка го напушти Манчестер Јунајтед и се врати во Њукасл.

Дубравка пристигна на „Олд Трафорд“ на позајмица во септември и договорот беше до лето со опција за откуп. Сепак, двата клуба решија да го раскинат договорот и голманот да се врати во Њукасл.

Дубравка одигра 2 натпревари со Манчестер Јунајтед во Лига купот и прими два гола.

Кај „страчките“ за стартниот дрес ќе се бори со Ник Поуп, кој против Лидс (0:0) ја забележа деветтата чиста мрежа од почетокот на сезоната.

ПретходноОливер Стојменовски си замина од МЃП
Следно„Следно од Дончиќ – 70 поени со пет дриблинзи“