Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одбележаа последните две децении, нивното ривалство се смета за едно од најголемите во спортската историја и многумина се согласуваат дека потписот на Роналдо за Ал Наср стави крај на една ера.
Португалецот не можеше да најде достоен клуб во Европа и замина на последниот голем договор во кариерата. Тој потпиша за клуб од Саудиска Арабија, каде што не играат ни приближно добро како на Стариот континент.
Најпопуларниот фудбалер вртоглави 200 милиони евра годишно и веројатно ова е главната причина за неговиот потпис.
Дали Лионел Меси ќе го направи тоа наскоро? Продавниците на Ал Хилал веќе почнаа да го продаваат дресот со број 10 со презимето на славниот Аргентинец на позадината.
Ал Хилал и Ал Наср се најголемите ривали во Саудиска Арабија, а парите не се проблем за Ал Хилал, ги поддржува саудиската влада, па практично може да му плаќаат на Меси колку сака.
Кога се дозна дека Роналдо ќе потпише за Ал Наср, саудиската влада вети дека ќе го поддржи Ал Хилал во нивниот обид да го доведе Меси. Оваа вест ја пренесоа некои познати новинари.
Al-Nassr have had further back and forth with Jorge Mendes whilst training in Abu Dhabi. And senior Al-Nassr officials have been in attendance for all Portugal’s games in Qatar to date.
— Ben Jacobs (@JacobsBen) December 5, 2022
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Од денеска практично може да потпише за кој клуб сака, па новопечениот светски првак има важна одлука.
Во изминатите недели се споменуваше дека волшебникот од Росарио веќе договорил продолжување со ПСЖ, но се уште нема официјална потврда, што му дава надеж на Ал Хилал дека можат да го доведат во своите редови.
Инаку, многу брзо ќе следи пријателски тест на новиот клуб на Роналдо против ПСЖ. Тоа би можело да биде последното соочување на двајцата легендарни фудбалери.
Според извештаите од Саудиска Арабија, ПСЖ ќе одигра пријателски натпревар против идеалнниот тим составен од играчи на Ал Наср и Ал Хилал. Тој натпревар е закажан за 19 јануари.










