Со вчерашната премиерна етапа и во новогодишно расположение, стартуваше новото издание на релто Дакар. Околу 1.000 фанатици на рели возењето се во Саудиска Арабија каде тргнаа со настап на најтешкиот рели настан во светот.
Оваа година релито Дакар се враќа со најдолгата рута по онаа од 2014 година, која ќе им овозможи на своите учесници возење низ бескрајни пустински дини, планини и огромни “празни” пустински површини, дел од територијата на Саудиска Арабија. Во најава е неколку неделно рели возење од едниот до другиот брег на Арапскиот полуостров.
Идејата на францускиот авантурист Тиери Сабин за организација на уникатно рели возење стана реалност во 1979 година и тоа под називот Париз-Дакар. Премиерното издание почнувало во Париз, а завршувало во Дакар, главниот град на Сенегал. Сепак, низ годините честопати рутата на најпознатато, најбруталното и најтешкото рели во светот е менувана. Дакар се возеше низ поголем дел од континентот Африка, од Каиро па сè до Кејптаун, Јужна Африка. Но, во 2009 година релито се префрли на друг континент – Јужна Америка т.е. Дакар почна да се вози низ териториите на Аргентина, Чиле, Перу и Боливија. Една декада подоцна, Дакар се префрли во пустинскиот дел на Блискиот Исток каде што се вози и денес.
И оваа година релито Дакар ќе се вози две недели. Една етапа е со должина од 450 километри, а целокупното рели е повеќе од 5000 километри. Спиењето е во камп со шатори, заедно со сите други натпреварувачи. Натпреварувачите денеска го почнуваат официјалниот дел од плажите на Црвеното море, низ долината Давасир, па потоа три дена ќе ги минуваат брдата и планините кои се наоѓаат во пустинските предели. На крај завршуваат во градот Дамам сместен во Арапскиот залив.
Кога сде зборува за фаворити, веројатно и оваа година тоа се Насер Ал-Атијах, Карлос Саинц и Стефан Петерхансел. Ќе има големи возбудувања во сите категории на возила, што му дава посебен шмек на настанот.
Бранител на трофејот од лани е Ал-Атијах.










