Нова чудесна партија на Лука Дончиќ од над 50 поени: Не знам како го сторив тоа (ВИДЕО)

1148

Лука Дончиќ продолжува да испишува историја во НБА. Сега тоа го направи во победата на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс од 126:125.

Во многу неизвесен натпревар, Словенецот постигна 51 поен, додаде девет асистенции и шест скока и е најзаслужен за шестиот последователен триумф на Мавси и вкупно 21 сезонава.

Со овој настап, Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал најмалку 225 поени, 50 скока и пo асистенции во период од пет натпревари.

Победникот беше решен во последните секунди кога Дончиќ уште еднаш дојде до израз. На 1,5 секунда пред крајот одличниот Словенец имаше слободни фрлања. Второто намерно го промаши, поточно го удри обрачот и топката се одби право во неговите раце и набрзо истече времето.

„Исцрпен сум. Нашата одбрана не беше добра, но успеавме да запреме некои клучни акции на крајот. Сепак, на крајот победивме и тоа е единственото нешто што е важно. Не знам ни како постигнав толку многу поени. Понекогаш ме удвојуваат, едноставно го прифаќам начинот на кој тие чуваат“, изјави Дончиќ по натпреварот.

Резултати:
Шарлот – Бруклин 106:123
Чикаго – Кливленд 102:103
Хјустон – Њујорк 88:108
Сан Антонио – Далас 125:126
Мемфис – Њу Орлеанс 116:101
Минесота – Детроит 104:116
Оклахома – Филаделфија 96:115
Јута – Мајами 123:126

ПретходноМомчето кое потпиша за Јунајтед откако скаути ги гледале неговите вештини на ДВД
СледноНиз бескрајните пустински дини почна релито Дакар 2023