Пеп: Не сум ви јас Фергусон или Венгер, штом ќе посакам ќе си одам од Манчестер Сити!

995

Пеп Гвардиола е еден од оние тренери кои не сака премногу да седи на едно место. Рекорд му е Манчестер Сити каде што ја тера седмата година како стратег на “граѓаните“.Каталонецот има договор до 2025, но вчера по ремито со Евертон, доби прашање од новинарите дали размислува да го напушти „Етихад“.

“Видете, јас сум тука се до оној момент додека не почувствувам дека нешто не е во ред. Тогаш ќе дадам отказ. Знаете, јас не сум во Фергусон или Венгер во еден ист клуб да останам по 20 години и повеќе. Да, вистина е дека неодамна со Сити го продолжив договорот, но тоа е само парче хартија. Ако се заситиме едни со други и ако нешто не ми се допаѓа јасно е дека ќе следува разделба“ одговори Пеп Гвардиола.

ПретходноЦела Франција против капитенот: Лорис се поздрави со омразениот Емилијано Мартинез! (ВИДЕО)
СледноЛенс го “тресна“ ПСЖ и му го нанесе првиот пораз во Лига 1! (ВИДЕО)