ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)

1

По победата над Вардар на негов терен со 1:0, дојде и победата над Шкендија, исто со 1:0. Два дерби меча и две победи, освоени 6 бодови и тоа без примен гол. Така игра Струга ТЛ предводена од стратегот Бледи Шкемби и затоа тој повторно е тренер на колото според “СпортСпорт“ и тоа без конкуренција.

Тешко беше против Шкендија. Тетовци ја имаа иницијативата во првото полувреме, тоа по дербито го призна и самиот Шкемби кој во полувремето ја смени тактиката, нареди офанзива, направи неколку измени и тоа вроди со плод. Христијан Малески со прекрасен гол донесе победа и големи, големи три бода.

Сега Струга ТЛ е лидер на табелата.

Јасно е дека Бледи Шкемби и тоа како си ја знае неговата работа. Струга ТЛ не само што е лидер, не само што дома има “седум од седум“, не само што неговиот тим е најефикасен во ПМФЛ, а има и најмалку примени голови, туку тоа што е најважно, знае и како да го извлече максимумот од својот тим кога е најпотребно, кога се решава победникот.

ПретходноЛука Станковски: На нас, играчите, ни е најтешко поради поразите, ќе направиме сè за да ја поправиме ситуацијата