Серхио Кун Агуеро повторно ќе игра фудбал. Оваа информација ги шокираше фудбалските вести откако Аргентинецот минатата сезона беше принуден да ја заврши играчката кариера поради проблеми со срцето.
Сепак тој повторно ќе игра фудбал. Овој пат, на 28 јануари, како гостин на „Жолтата ноќ“ во дресот на екипата на Барселона Гвајаакил од Еквадор, на мечот на кој ќе биде претставен новиот тим за новата сезона на овој клуб.
„Со нетрпение очекувам да бидам таму и да се забавувам. Имав состанок со кардиологот, многу сум добро и веќе почнав да тренирам, па ќе можам да играм во Жолтата ноќ. Се надевам дека ќе се забавувам и повторно ќе го почувствувам теренот. Се чувствувам многу добро, имам контролен чип, па ќе можам да играм, бидејќи за 15 дена ќе одиграм и натпревар со моите пријатели од Барселона во Шпанија, изјави тој.
Sergio “El Kun” Agüero 🇦🇷, goleador de clase mundial, es la estrella invitada a la #NocheAmarilla 🤩
Gracias a #BetanoEcuador.#AgueroNA2023 #NA2023 🎆 pic.twitter.com/PMiGuqcBkn
— BARCELONA S.C. (@BarcelonaSC) January 8, 2023
Агуеро ќе биде осмата светска ѕвезда поканет на Жолтата ноќ. Роналдињо гостуваше во 2016 година, Диего Форлан во 2017 година, Кака во 2018 година, Андреа Пирло во 2019 година, Алесандро Дел Пјеро во 2020 година, Хавиер Маскерано во 2021 година и Карлос Тевез во 2022 година.