Нашата најдобра ракометна селекција, и овој јануари, ќе биде во центарот на спортската јавност во Македонија. Нашите најдобри ракометари ќе бидат учесници на СП во Полска и Шведска кое се игра од 11 до 29 јануари.
Македонија првиот меч го игра на 13 јануари против Норвешка. Пред заминување на нашата експедиција во Краков, денеска на пресот свое видување даде селекторот Кирил Лазаров.
“Почнуваме уште едно големо натпреварување, тоа е СП во Полска и Шведска. Зад нас се тие четири контролни средби на кои ја темпиравме формата за тоа што не очекува. Сакам да нагласам дека многу труд вложивме за да дојдеме до ова СП, со оглед на тоа дека во меѓувреме направивме смена на генерациите и со обединети сили стигнавме до Мундијалот, На момците треба да им се даде поддршка, ова беше напорна година за нив, бидејќи минавме два баражи со Романија и Чешка. И дадовме шанса на оваа генерација да продолжи по стапките на нас повозрасните. За сетоа тоа што беше сработено им се заблагодарувам на момците, но треба да им се даде и охрабрување за тоа што ги чека на СП, секако треба да се пофалат и за досегашните резултати“ посочи селекторот.
Лазаров и овојпат потенцираше дека клучна работа е создавањето на препозатлив стил на игра, многу побрз од било кога претходно кога станува за репрезентацијата на Македонија:
“Она што е најважно,Ние имаме свој идентитет во играта, што е тешко ако се знае деканиз годините наназад секогаш игравме многу бавно и тоа беше наш заштитетн знак. Сега не знам дали ќе биде доволно тоа за да се победува или да се губи, но убеден сум дека сме на вистинскиот пат. Во првото коло се среќаваме со Норвешка, јас од срце верувам дека за неколку години и ние ќе станеме Норвешка, селекција која игра скандинавски ракомет, со препознатлив стил на игра“ истакна Лазаров.