Беше некогаш: Кога Теодосиќ и Јовиќ го праќале Јокиќ по сендвичи во “Мекдоналдс“!

692

Никола Јокиќ веројатно е најдобриот играч во НБА, се разбира заедно со Лука Дончиќ. Овие двајца едноставно ја „тероризираат“ најсилната кошаркарска лига во светот, едноставно се терминатори.

Интересно е да се чуе за тоа како Јокиќ како многу млад бил цел на тормозење во репрезентацијата на Србија.

Ова го кажува Стефан Јовиќ, кој се присетува за тоа што му правеле на тогаш младиот Никола на ОИ во Рио во 2016 година.

Да, точно, и тоа како го малтретиравме Јокиќ. Посебно тоа го праваше Теодосиќ. Ќе видевме од терасата долу дека пред ` Мекдоналдс` има голема гужва, ние ќе му кажевме да се симне и да ни купи сендвичи.За него тоа не беше проблем, уште и ќе прашуваше кај сите дали сакаат и тие нешто. Потоа ќе се симне долу, ќе чека ред едно час и повеќе и ќе се врати со сендвичите. И така беше секој втор ден, ништо не му беше тешко“ изјави Јовиќ деновиве во еден подкаст.

Само прашање е сега, кога Никола е голема, кога е мега – ѕвезда, една од најголемите во светот, ќе се обиде некој да го прати по сендвичи и да чека час и повеќе пред “Мекдоналдс“, посебно не еден Стефан Јовиќ.

ПретходноШок за Данска пред стартот на СП: Еден од најдобрите ракометари е позитивен на коронавирусот!
СледноЦентарот за едукација организираше шест семинари за тренери и стекнување на УЕФА лиценци