Влхова ја спречи Шифрин да го урне апсолутниот рекорд на Вон

274

Словачката Петра Влхова стигна до првата победа сезонава во ноќниот слалом кој вечерва се возеше во австриски Флахау.

Петра Влхова докажа дека се враќа во топ форма и победи за првпат оваа сезона и 27-ми пат во кариерата. Со најдоброто време на првата трка и второто во вториот настап, таа ја совлада Микаела Шифрин за 43 стотинки и со тоа ја спречи Американката да ја постигне рекордната 83-та победа на Светскиот куп и да ја престигне сонародничката Линдзи Вон, со која сè уште го дели рекордот кај дамите.

На подиумот заврши и Германката Лена Дуер, која заостана зад Влхова 85 стотинки.

Во поредокот за Големиот кристален глобус, Шифрин е далеку пред сите останати со 1115 поени. Влхова е втора со 796 бодови.

ПретходноНема снег: Откажани финалните трки од Светскиот куп во Гармиш
СледноПолјаците му го понудиле селекторското место на Стиви Џи