Диего Симеоне го напушта Атлетико на крајот на сезоната

200

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, тврди шпанската телевизија „Ел Чирингито“. Според информациите аргентинскиот стручњак одлучил да се раздели со „јорганџиите“ на крајот на сезоната.
Се уште нема официјален коментар од самиот Симеоне ни од Атлетико Мадрид.

Шпекулациите за иднината на аргентинскиот стратег не запираат затоа што во последно време „јорганџиите“ паднаа и се далеку од борбата за титулата во Шпанија.
Атлетико сезонава одигра очајно во Лигата на шампионите и го зазеде последното место во групата со Порто, Клуб Бриж и Баер Леверкузен, а во шпанското првенство е на петтото место со дури 14 бода помалку од лидерот Барселона.

Симеоне е во Атлетико од 2011 година и два пати беше шампион на Ла Лига, еднаш го освои Купот на кралот, два пати триумфираше во Лига Европа и два пати играше финале во ЛШ.

ПретходноЗвезда договори напаѓач од Славија Прага, а го продаде Бен во кипарски клуб
СледноНајлошите зимски засилувања во Ла Лига: Фобер, Плетикоса, Богард, Касано…