Манчестер Ј. и Барнли веќе постигнале договор за реализација на позајмица на холандскиот6 напаѓач Ваут Вегхорст. Како што објеви вечерва инсајдерот Фабрицио Романо, се чека само „амин“ од Бешикташ.
Според информациите, за да се реализира позајмицата на Вегхорст на 6 месеци, Манчестер Ј. ќе плати 3 милиони евра. Сепак, Бешикташ треба да најде адекватна замена за него, пред да му дозволи да замине од Истанбул.
Изминативе денови се зборуваше дека во Истанбул може да слета Абубакар, кој беше избркан од Ал Наср по доаѓањето на Роналдо.