Феран Торес и Стефан Савиќ се казнети поради тепачката на натпреварот меѓу Барселона и Атлетико (М).
Во 92. минута од натпреварот од 16. коло од Ла Лига, судијата Хозе Мунуеро Монтеро ги исклучи од теренот и Торес и Савиќ, откако нивниот дуел прерасна во тепачка. Феран го фати противникот за коса, а Савиќ за врат го фати играчот на Барса.
Поради тепачката двајцата играчи добија суспензија од два натпревари.