Францускиот фудбал остана без претедател: Ле Грае поднесе оставка

268

Ноел Ле Грае поднесе оставка од функцијата претседател на Француската фудбалска федерација (ФФФ) во очекување на завршување на истрагата која се отвори против него, соопшти RMC Sport.

Филип Диало, потпретседател на Федерацијата, привремено ќе биде на позицијата в.д. претседател.

Ле Грае се најде на удар на критики по обновувањето на договорот со францускиот селектор Дидие Дешамп и неговите контроверзни изјави за Зинедин Зидан. Покрај тоа, францускиот фудбалски агент Соња Суид го обвини Ле Грае за сексуално вознемирување во 2014 година.

ПретходноПокетино е подготвен да седне на клупата на Челзи!
СледноЛазаров денеска ќе пресече, тројца ракометари отпаѓаат!