Гвардиола: Со таква игра немаме шанси против Манчестер Јунајтед

138

Манчестер Сити испадна од Лига купот по поразот од Саутемптон со 2:0 во четвртфиналето. „Граѓаните“ одиграа катастрофално, немаа ниту еден шут кон противничкиот гол и покрај тоа што во игра влегоа и Халанд и Де Брујн.

Сити претрпе пораз, а  пред нив веќе е нов предизвик, во сабота играат со Манчестер Јунајтед.

Ако одиграме вака, немаме шанси. Знам дека се во добар моментум, со години чекаат да бидат во ваква позиција. Мораме да одиграме подобро“, изјави Гвардиола.

Манчестер Јунајтед ги доби последниот осум натпревари во сите конкуренции што значи дека е во добар ритам, па дербито со Сити им доаѓа во вистински момент.

Ова беше лоша вечер, противникот беше подобар, па мораме да му честитаме. За да победиш натпревари треба да го заслужиш тоа, а вечерва ние не го заслуживме. Се надевавме дека ќе се пласираме во следната рунда на турнирот, но со таков настап тоа беше невозможно. Не покажавме доволно. Направивме многу грешки, промашивме многу додавања, премногу лесно им ја дадовме топката и тоа доведе до двата гола“, коментира Гвардиола.

ПретходноПРИКАЗНИ ОД КРАКОВ: Магичниот дочек и суровоста на менувачниците!
СледноТони Симиќ е нов тренер на Навико Академија ФМП