Ако Роналдо во Ал Наср ќе заработува по 200 милиони евра по сезона, тогаш Лео Меси би можел, ако сака, да зарботува уште повеќе, дури 300 милиони евра по сезона, и во дресот на Ал Хилал, вечниот ривал на Ал Наср во С. Арабија.
Ако се чинеше дека Роналдо е астрономски платен, тогаш што би рекле за Меси и понудата на Ал Хилал до генијалецот на ПСЖ и Аргентина.
Меси има вербален договор со ПСЖ за продолжување на договорот до 2025 година и по сезона би земал 40 милиони евра по сезона. Но оваа сума, од која боли глава, е ништо во однос на онаа на Ал Хилал.
Ал Хилал е државен клуб, во него се првите и најбогати луѓе во С. Арабија, и нема да имаат никаков проблем да го платат Меси. Тие сакаат да му „парират“ на Ал Наср во секој поглед.
Е, ако ова се оствари, ако Меси навистина во јуни се пресели во С. Арабија, е тогаш фудбалот навистина ќе поместува некои граници, за кои мислевме дека нема шанси да се поместат.