Нова бламажа на Челзи, Жоао Феликс поцрвене на дебито (ВИДЕО)

392

Фудбалерите на Челзи доживеаја нов неуспех во Премиер лигата, откако вечерва загубија со 2:1 на гостувањето кај Фулам во меч од 7. коло во Премиер лигата.

Фулам целосно заслужи победа и со овие три бода дури го прескокна Ливерпул, па сега се смести на шестото место на табелата.

Очајниот Челзи сега е само 10-ти и тешко дека ќе стигне до Европа. Греам Потер вечерва тргна со новото засилување Жоао Феликс, но Португалецот нема по добро да го памети дебито во Премиер лигата бидејќи во 60. минута поради суров старт врз Тете заработи директен црвен картон.

Головите за Фулам ги постигнаа Вилиан и Винисиус, додека единствениот за Челзи беше дело на Кулибали.

ПретходноБарса по пеналите закажа „Ел Класико“ битка за пехарот во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)
СледноМакедонија на Светските првенства: Кој е најдобриот, а кој е најслабиот пласман?