На 25 јануари, австриски Шладминг ќе биде домаќин на трка во велеслалом од Светскиот куп за мажи. Трката ќе биде организирана под рефлектор како замена за откажаниот велеслалом од Гармиш-Партенкирхен, Германија, поради проблеми со снегот и топлото време.
Трките од Светскиот куп во Гармиш, планирани за 28 и 29 јануари, беа откажани на почетокот на неделата поради неповолната временска прогноза. Во Гармиш беше закажана и машка трка во спуст, но дали воопшто ќе има спуст, засега не е познато.
Во вторник на 24 јануари во Шладминг се одржува и ноќен слалом во машка конкуренција.