Болница во Челзи: Закарија е 11. повреден играч во составот на Потер

173

По повредата на швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија, менаџерот на Челзи Грем Потер остана без дури 11 фудбалери кои се најдоа на листата на поредени во лондонскиот клуб.

Покрај Швајцарецот, Челзи не може да смета и на голманот Едуард Менди, дефанзивците Рис Џејмс, Весли Фофана и Бенџамин Чилвел, играчите од средниот ред Н’Голо Канте, Рубен Лофтус-Чик, како и напаѓачите Рахим Стерлинг, Кристијан Пулишиќ, Пјер-Емерик Обамејанг и Армандо Броја.

Од сите овие фудбалер може комплетно да се состави еден тим со кој Челзи би можел да настапува во Премиер лигата. Оттука и не случајни се очајните резултати на клубот во последно време. „Сините“ синоќа загубија од Фулам и се спуштија на 10 место во Премиер лигата со 25 бода.

ПретходноШто велат обложувалниците: Какви шанси и даваат на Македонија?
СледноЛазаров: Нема да се штедиме, одиме да видиме колку можеме