Денеска на СП: Македонија на Кире против фаворитот Норвешка, играат и Србија, Хрватска, Данска…

92

На третиот ден од СП својот прв натпревар ќе го одигра и нашата репрезентација. Македонија предводена од селекторот Кире Лазаров, во својот прв меч од групата – Ф, од 20:30 часот ќе ги одмери силите против силната Норвешка. Да се надеваме на добар резултат и добра игра на наште момци на премиерниот меч на овој Мундијал за нив.

Во вториот меч од нашата група, од 18 часот, се среќаваат Аргентина и Холандија.

Останатите три средби од 18 часот се Бахреин – Тунис, Мароко – САД и Германија – Катар.

Во терминот од 20:30 часот, кога игра и Македонија, се среќаваа и Данска – Белгија, Хрватска – Египет и Србија – Алжир.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

18:00 Ч:

АРГЕНТИНА – ХОЛАНДИЈА (група – Ф)

БАХРЕИН – ТУНИС (група – Х)

МАРОКО – САД (група – Г)

ГЕРМАНИЈА – КАТАР (група – Е)

20:00 Ч:

ДАНСКА – БЕЛГИЈА (група – Х)

ХРВАТСКА – ЕГИПЕТ (група – Г)

НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА (група – Ф)

СРБИЈА – АЛЖИР (група – Е)

ПретходноЃорческа во полуфиналето во Талин
СледноНајденов промовиран во Локомотив Ташкент