Како Македонија го памети Краков: Во силен состав – без ниту една победа!

328

Краков 2016 и Краков 2023 година. Пред седум години во овој град Македонија учествуваше на Европско првенство, трето по ред, тогаш вкупно четвртто.

Бидејќи во изминатата година често пати сакаме да се потпреме на минатото, да не кажам да споредуваме и да забораваме дека ние не сме светска ракометна сила, одлучив да чепнам малку од тој шампионат.

Можеби токму дел од податоците иако тогаш беше Европско, а сега е Светско првенство, малку ќе ја промени визијата на сите, можеби некој ќе погледне во лицето на реалноста, па наместо со негативизам, овој шампионат ќе бидеме позитивни, ќе знаеме како да ги поддржиме ракометарите, а фрустрациите ќе ги оставиме да ги насочиме кон други цели, најмалку во спортот.

„Селекторите“ се чини заборавија на многу важни детали.

Седум години наназад, Македонија во Полска не запиша ниту една победа. Во групната фаза одигра со реми против Србија, со пораз од Полска и Франција се пласираше во главната рунда, а таму одигра ново реми, овој пат против Норвешка иако водеше пет гола разлика, беше поразена од една Белорусија и надиграна од Хрватска.

За разлика од сега, тогаш во составот ги имавме сите ѕвезди од Кирил Лазаров, Миркуловски, Борко Ристовски, Наумче Мојсовски, Ацо Јоновски, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков…и ред други.

Македонија 2023 година ќе биде поинаква приказна. Бројот на млади играчи доминира во однос на искусните. Во Краков „црвено-жолтите“ доаѓаат уште погладни за докажување, мотивирани и со една цел да ги направат сите горди.

Ќе бараме борба, ќе посакаме победи. Нека оваа подмладена генерација направи Краков да го паметиме по победи!

ПретходноМомци само храбро, Македонија веќе е горда на вас!
СледноМакедонија, Македонија: “Фалангата“ пристигнува во фан – зоната во Краков! (ФОТО)