Членот на Серија А, Кремонезе го отпушти тренерот Масимилијано Алвини откако тимот го запиша најлошиот старт во историјата на Серија А. Составот од Кремона загуби со 2:3 од Монца на домашен терен во 18. коло, запишувајќи го четвртиот пораз по ред. Тимот се уште нема победа од почетокот на сезоната, може да се пофали само со седум ремија.
Алвини го презеде тимот летоска, откако Фабио Пекија, кој успеа да го пласира Кремонезе во елитата одлучи да си замине. Тогаш управата го донесе Алвини, меѓутоа оцени дека е време за промени.
Кремонезе веќе го најде неговиот наследник, тоа е Давиде Балардини.
Балардини е поранешен тренер на Џенова, Палермо, Болоња, Каљари, Лацио и Пескара. Тоа е човекот кого го викаат кога ќе загусти. Така три пати беше во Палермо и четири пати во Џенова и секогаш по една сезона или нецела сезона.
Benvenuto Mister #Ballardini ✍🏻🔘🔴
#SolAmAi #ForzaGrigiorossi #DaiCremo #SerieATIM 🔘🔴 pic.twitter.com/t8YMtQFwx6
— U.S. Cremonese (@USCremonese) January 15, 2023