Денеска на СП: Почнува главната рунда, Франција со Ц.Гора, Вујовиќ против “своите“ Словенци!

210

 

Денеска со мечевите од првата и втората група стартува главната рунда или фаза на тековниот шампионат. Со оглед на фактот дека Македонија ќе игра во “Президент Купот“ за пласман од 25 до 32 место, нашето внимание ќе мораме да го насочиме и кон ова натпреварување.

Македонија утре од 15:30 часот ќе игра со Алжир, а денеска се среќаваат Чиле- С. Арабија и Уругвај –Ј.Кореја).

Таму каде што играат најдобрите 24 селекции, денеска има неколку интересни мечеви. Франција се среќава со Ц. Гора, Веселин Вујовиќ со Иран ќе ги одмери силите со Словенија, селекција на која тој пред извесно време и беше селектор.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:

ГРУПА-1:

Иран – Словенија (15:30 ч)

Франција – Ц.Гора (18:00 ч)

Шпанија – Полска (20:30 ч)

 

ГРУПА-2:

Португалија – Бразил (15:30 ч)

Зеленортски острови –Исланд(18:00 ч)

Шведска- Унгарија (20:30 ч)

 

ПРЕЗИДЕНТ КУП:

Чиле – С.Арабија (15:30 ч)

Уругвај – Ј.Кореја (18:00 ч)

ПретходноДино Баџо: Кога играв со Вијали, постојано користевме допинг, сега стравувам за својот живот!
СледноСтартува вториот круг во нашата елитна лига, ТФТ го предизвикува МЗТ Скопје во Аеродром