Луис Хамилтон барал најмалку 400 милиони евра за нов договор со Мерцедес. Ова го пренесуваат медиумите во В. Британија кои потенцираат дека сепак сеуште не се знае на колку години би се потпишал тој договор.
Седумкратниот светски првак во Ф1, треба уште две сезони да биде во тимот на Мерцедес, по што би бил амбасадор на овој бренд.
Инаку Хамилтон имаше очајна сезона. По се она што се случи во 2021 кога во последниот круг ја загуби титулата од Макс Верстапен, во 2022 ни тој ни Мерцедес не беа ниту бледа сенка од она што требаше да бидат.
Сепак и покрај се, Мерцедес има намера да му ги исполни сите желби на Хамилтон и да ја продолжи соработката.