Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Купот на кралот откако го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 по продолженијата. „Кралевите“ губеа од 19 минута кога Мората ја начна нивната мрежа, а така стоеше на семафорот се до 79. минута кога Родриго го изедначи резултатот. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1.
Во продолженијата Савиќ доби два жолти картони за две минути и беше исклучен, а четири минути подоцна Карим Бензема даде гол за Реал за 2:1, а кога Атлетико се обиде да избори барем пенали стигна „туш“ од Винисиус Јуниор кој запечати победа од 3:1.
Во полуфиналето на Купот на кралот се пласира и Атлетик Билбао кој со 3:1 во гости го победи минатогодишниот финалист Валенсија. За Атлетик погодија Муниаин, Вилијамс и Весга.
Другите двајца полуфиналисти се Барселона и Осасуна.