Евролига: Фенербахче „потона“ во Лион

71

Во 21 коло на Евролигата тимот на Лион Вилербан го совлада турскиот гигант Фенербахче со 99:71. Со тоа француската екипа ја забележа осмата победа сезонава додека Фенербахче осмиот пораз, но Турците се уште се на третото место на табелата.

Најефикасен на мечот беше Нандо Де Коло од Лион со 26 поени, а Едвардс од Фенербахче постигна 22 поени.

Монако на домашен терен славеше над Олимпија Милано со 101:88, додека Панатинаикос беше подобар од Жалгирис со 89:65.

Во ова коло Реал Мадрид по продолжение ја победи Барселона со 91:86, а Валенсија славеше со 94:88 на гостувањето кај Алба Берлин.

ПретходноШтутгарт го сака Адеми, но Динамо не дава дозвола
СледноРеал со пресврт го совлада Атлетико и избори полуфинале во Купот