Пораз на надежите од Србија

0

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа пораз на дуелот со соодветната селекција на Србија од 2:0, на пријателскиот дуел денеска одигран во Нови Сад.

Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа борбени деведесет минути во кој што имаа свои моменти, кои што не ги искористија, за разлика од домаќинот кој што ете, дојде до победа со голови постигнати во двете полувремиња

Домаќинот дојде до водство по убавата акција од лево, во која што нашата дефанзива не реагираше како што треба. Центаршутот стигна до петерецот каде што Милосавњевиќ забива за предност.

Нашите шанси во овој дел ги промаши Величковски кој што имаше можност уште на стартот на мечот но шутираше лошо и непрецизно.

Ѓорѓе Петровиќ заверува триумф

Во второто полувреме и во двата табора беа направени многу измени. Домаќинот и во овој дел создаде неколку шанси, ние пак и постигнавме гол преку Трајков но истиот беше поништен поради офсајд.

На крајот Петровиќ по една добра акција влезе во нашиот шеснаесетник и реализираше за конечни 2:0.

 

ПретходноСудија суспендиран 9 недели поради коментар дека сите азијци изгледат исто!