Судија суспендиран 9 недели поради коментар дека сите азијци изгледат исто!

0

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) му изрече деветнеделна суспензија на судискиот инспектор Брајан Керсон, поради дискриминаторски коментар за кинеските и јапонските навивачи. Тој дополнително е казнет со 200 фунти и ќе мора да помине задолжителна едукативна програма.

Инцидентот се случил во ноември 2025 година, по натпреварот од Лига 1 меѓу Лутон и Ротерам. Керсон, кој бил задолжен да ја оценува работата на судиите, во разговор со група фудбалски службени лица изјавил дека кинеските или јапонските навивачи „сите изгледаат исто“ и дека можат да се разликуваат само според дресовите.

Четворица сведоци ги потврдиле неговите зборови пред дисциплинската комисија. Керсон ја отфрлил обвинителната теза, тврдејќи дека не се сеќава на таков коментар и посочувајќи на разлики во исказите за тоа дали зборувал за кинески или јапонски навивачи. Сепак, комисијата оценила дека прекршокот е докажан.

ПретходноАлими доби брендирани шампионски патики со дресот на Македонија