Италија во шок: Петмина фудбалери обвинети за силување, ги чека затворска казна!

541

Нов скандал го тресе италијанскиот фудбал. Петмина поранешни фудбалери на италијанскиот тим Виртус Верона се прогласени за виновни за групно силување на 20-годишна студентка во јануари 2020 година.

По три години молчење за овој случај, целата вистина излезе на виделина и во јавноста излегоа имињата на фудбалерите.

Стефано Касарото (26 години) од Венеција, Џани Манфрин (29 години) од Падова, Едоардо Мерси (23 години) од Верона, Аргентинецот Сантијаго Висентин (23 години) и Романецот Даниел Онеску (29 години) се осудени на шест години затвор.

Сè се случило ноќта меѓу 18 и 19 јануари 2020 година, кога студентката дошла во станот на забава во куќата на еден од фудбалерите.

Споменатите фудбалери дел од кариерата живееја заедно додека го носеа дресот на Виртус.

Оваа вест ја потресе италијанската јавност, а Фудбалскиот сојуз на Италија одлучи на споменатите фудбалери по излегувањето од затвор да им биде забрането да играат фудбал во кое било ниво од италијанското првенство.

Во Италија се лути што целиот случај се криел три години, но на крајот се задоволни што имињата на сторителите биле јавно објавени и што ја добиле казната, некои сметаат дека казната можела да биде и поголема.

ФОТО: Virtus Verona/Facebook

ПретходноРемзифаик Селмани потпиша за Партизани Тирана!
СледноЛудило: Мајкл Џордан во 2022 година заработил 2,5 пати повеќе отколку во целата своја кариера!