Раул Гонзалез, екс – селекторот на Македонија, човекот кој што со Вардар во 2017 година беше европски првак, и натаму ќе го предводи тимот на ПСЖ, пребогатиот ракометен клуб од Париз кој никако да дојде до трофејот во ЛШ. Од ПСЖ стигна потврда дека Раул останува тренер до 2025 година, значи доби нов договор кој веќе е потпишан.
Јасно е дека ова е добра вест за Шпанецот, значи ПСЖ му верува нему и на неговиот проект, иако се шпекулираше дека по завршувањето на сега веќе стариот договор во јуни тој ќе мора да си оди од Париз. Едноставно газдите од Катар сметаат дека Раул одлично си ја врши својата работа.










