Француската тенисерка за Ѓоковиќ: Ноле е мутант!

2072

Претходните денови имаше многу критики кон Новак Ѓоковиќ, особено новинарите од Австралија кои од луди причини неуспешно се обидоа да докажат дека „не е најдобар на сите времиња“

Имаше и такви, како Ализ Корне кои не штедеа зборови. Искусната тенисерка од Франција, која на Австралија опен не успеа да го повтори резултатот од лани кога играше во четвртфиналето (елиминирана во првото коло), го пофали Ѓоковиќ нарекувајќи го мутант.

„Иако тренирав морав да го гледам финалето бидејќи сум голем љубител на тенисот. Новак Ѓоковиќ е мутант и тоа уште повеќе го сфаќаш кога и самиот си тенисер“, изјави Ализ Корне, која со оваа изјава сакаше да ги посочи натчовечки способности на Ноле.

„Не, тој доаѓа од друга планета… Навистина сум среќен што живеам во ерата на тенисот каде што има Новак, Роџер и Рафа. Се уште се надевам дека Рафа може да се бори со Новак за 23. Гренд слем, тоа би било неверојатно“, додаде Французинката.

ПретходноТ.Пролет: Полесно е да купиш „половен“ продукт од странство, отколку да произведеш нешто свое!
СледноАргентинецот Франко ќе биде новиот бек на Академија Пандев