Уникс Казан за кого настапува Ненад Димитријевиќ го запиша третиот пораз оваа сезона. По двата од ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ, на победа против Уникс се израдува Локомотив Кубан, беше подобар со убедливи 70-103, во првиот меч од вториот дел од сезоната во ВТБ-лигата.
Македонскиот репрезентативец беше стрелец на девет поени и четири асистенции, имаше 2/3 за два поени, 3/5 за еден поен. Зад своето име додаде уште една украдена и четири изгубени топки.










