Дејан Манасков со 24 гола го заврши Светското првенство кое се одржа во Шведска и Полска. Еден од поискусните ракометари во македонската репрезентација, 14 од вкупните 24 гола ги постигна од седум метри, каде имаше 14/14.
Манасков не ги одигра сите мечеви во Президент Купот, па токму затоа оваа бројка на постигнати поени е мала за еден ракометар кој треба да повлече многу повеќе на теренот.
Тој имаше мирна рака, благодарение на него, Македонија до пред последната средба беше единствена селекција без промашување од седум метри, овој процент го расипавме против Јужна Кореја.
Манасков се најде на првото место во списокот на играчи со најдобар процент на реализирани седмерци со над десет удари.