Не знаат за доста: Рајковиќ и ЦСКА Москва до 24. триумф во ВТБ лигата!

138

Едноставно непобедливи. Тоа е тимот на ЦСКА Москва предводена од нашиот стратег Емил Рајковиќ. Ги уриваат сите рекорди врзани за ВТБ лигата, па така вечерва стигнаа и до 24-0, односно до 24 победа во исто толку натпревари сезонава.

Триумф на „армејците“ на гости кај Нижни Новгород со 70-89 (24:24, 20:24, 17:17, 9:24) во меч од 24.коло во ВТБ лигата, поточно сега веќе во меч од плеј – офот.

Домашниот состав имаше сила да му парира на тимот на Рајковиќ само во првата и третата четвртина, кога извади резултатски егал, затоа во втората а посебно во четвртата ЦСКА просто го згази домашниот состав.

ПретходноБледо издание на битолчани и во Нашице за СЕХА-пораз број два!
СледноМанасков лидер во една категорија на Светското првенство!