Ако под итно не најде 11 милиони евра: И Сампдорија се соочува со одземање на бодови!

452

Во последно време навикнавме од Италија, кога станува збор за фудбалот, да слушаме само за ужасни вести, поточно кога стануа збор за Јувентус. Факт е дека Серија А е далеку од сјајот кој што го имаше пред две децении и повќе кога таа лига беше најдобрата во светот, но исто така ретко кој се надеваше дека во фудбалска Италија владее таков тотален хаос.

Најново е тоа што Сампдорија, некогашен шампион на Италија, финалист во ЛШ во 1992 година, се наоѓа пред ликвидација. Имено клубот каде што тренер е Дејан Станковиќ под итно мора да најде 11 милиони евра и да ги исплати заостанатите плати, во случај тоа да не го стори, а рокот е 16 февруари, тогаш се соочува со казна односно со одземање на бодови, а тоа значи секако преселба во Серија Б.

Но и тоа не е се, најновите вести говорат дека клубот е пред ликвидација, односно нема веќе да постои, ако под итно не се најдат пари за да се спаси клубот од Џенова, кој во периодот од 1988 до 1995 важеше за еден од најдобрите во Италија, но и во Европа.

ПретходноПСЖ сепак му верува, Раул доби нов договор!
СледноДон Карло: И Гвардиола еден ден ќе добие отказ!