Аргентинскиот интернационалец Нахуел Франко ќе биде ново засилување за Академија Пандев. Се работи за лев бек кој има 21 година и доаѓа од вториот тим на Росарио Централ од Аргентина. Претходно играл и за младиот тим на овој клуб, а кратко на позајмица во третолигашот Бока Унидос.
Во овој преоден рок Академија Пандев ангажираше неколку фудбалери, дел од странство дел од домашното првенство меѓу кои Сандро Ембало, Неат Абдулаи, Иван Галевски, Бурхан Мустафа, Георгие Јанкулов, Агрон Руфати и Марио Врдољак.















