МЗТ Скопје, за каков секој Аеродромец сонува: Олимпија падна во „Јане Сандански“ (ФОТО)

396

МЗТ Скопје го запиша третиот триумф, на домашен терен ја совлада Цедевита Олимпија со 79-74 во рамките на 18. коло во АБА-лига и го направи голем чекор кон опастанок во ова друштво. Актуелниот македонски првак одигра поинаков меч од сите останати оваа сезона, по долго време видовме вистинска битка на теренот, на крајот истата беше крунисана со победа и прекин на серијата од девет порази во низа.

Во составот се врати Кук, кој поради повреда здобиена на мечот со Партизан мораше да паузира. Тој одлично се претстави пред домашната публика, најави дека ќе биде еден од лидерите во продолжение. Мечот го заврши со 26 поени, зад него беше Војдан со 18 поени, 14 имаше Кефи, Абу застана на 10.

Одлично прво полувреме за актуелниот македонски првак. Отвори со 8-2 со четирите поени на Војдан и тројката на Мицовиќ. Позитива ја одржуваше на две и пол минути до крајот на првата четвртина, гостите со две тројки за првпат поведоа на мечот (14-15).

Сепак не застанаа момците во „сино-бело“, во шест минути направија серија од 18-2 и поведоа со највисоки 37-23. АБу, Кук, Дамјан и Војдан, беа лидери во составот на МЗТ Скопје.

По последното двоцифрено водство од 40-39, гостите со серија од 8-1 намалија на 41-37 на стартот на третата четвртина. МЗТ имаше одговор, Кефи и Војдан, вратија на 46-37 во 23 минута. Олимпија притискаше, искористи период на криза, израмни на 52-52. Кук и Војдан одговорија за 59-52 на стартот на последниот период.

Очекувано, мечот отиде во неизвесна завршница. МЗТ Скопје одржуваше минимална предност, одеше по „тенка“ линија. По тројката на Ферел за 64-62, кошаркарите не реализираа три напади, па Адамс израмни на 64-64 на три и пол минути до крајот.

Кефи се разбуди во вистинско време, Абу се надоврза за 74-66. Олимпија се обиде до пресинг да го збуни домаќинот и го брзи фаули, но не успеа. Кук ги погоди клучните слободни фрлања за 76-70 и 77-72, а Кефи стави печат.

На крајот кошаркарите на МЗТ Скопје заслужено се радуваа. Штета што салата не беше исполнета.

ПретходноЕлче го посрамоти Виљареал, херојот е Пере Мила
СледноНиколиќ: Испразнет сум емотивно! Победа заслуживме и порано, знаете за што зборувам!