Елче го посрамоти Виљареал, херојот е Пере Мила

100

Последнопласираниот тим на Елче кој денеска го освои само деветтиот бод во овогодинешната Примера сезона, на домашен терен попладнево го совлада тимот на Виљареал со конечни 3:1.

Иако што се вели, Елче се смета за испаднат тим сезонава, сепак, денешниот триумф покажа дека и во овој клуб сеуште се надеваат на опстанок.

Херој е искусниот Пере Мила кој ги постигна сите три гола на овој меч за домаќинот, додека пак Морено го постигна единствениот гол за Виљареал.

 

ПретходноШкупи поразен од романска Конкордија
СледноМЗТ Скопје, за каков секој Аеродромец сонува: Олимпија падна во „Јане Сандански“ (ФОТО)