Вардар 1961 подготвува „одмазда“ за Татран – во Скопје работите стојат поинаку!

224

Вардар 1961 со пораз ја отвори сезоната во СЕХА-лига, на гостувањето кај Татран Прешов беше поразен со 27-23. Актуелниот македонски првак веќе следниот меч пред своите фанови го совлада Партизан, а втората победа во ова натпреварување ќе ја бара денеска токму против Татран Прешов.

Добро е познато дека „црвено-црните“ на домашен терен секогаш изгледаат поинаку, во СЦ “Јане Сандански“ гостите тешко поминуваат, особено кога на трибините се верните навивачи, а играчите „гладни“ за одмазда.

Вакво сценарио се очекува денеска од таборот на Вардар 1961. Победа од пет гола ќе значи превземање на врвот на табелата во групата Б и секако потврда дека овој составот има да покаже многу повеќе.

„Сметам дека добро сме подготвени за дуелот, секако дека ќе одиме на победа. Е, сега дали таа ќе биде поголема од четири разлика, ќе видиме, но ќе сториме се што треба за да победиме и да се бориме за првото место во групата. Имаме повредини играчи, Моралес е повреден, но што е тука е“ посочи Недановски пред неколку дена.

ПретходноХатајспор се повлече од овогодинешниот шампионат на Турција
СледноЈана Атанасовскa со уште еден историски успех за македонското скијање!