Рамон Менезес го презеде кормилото на Бразил

200

Бразилската фудбалска репрезентација објави дека нивни селектор ќе биде Рамон Менезес кој досега ја водеше репрезентацијата на Бразил до 20 години. Тој е именуван за привремен селектор, со можност да бидат продолжен договорот и да ја води селекцијата и во наредните две години.

Тој ќе седи на клупата на „Селесао“ на пријателскиот меч со Мароко на 25 март во Танжер во Мароко што ќе биде прво гостување на Бразилците во оваа африканска држава.

Инаку по завршувањето на СП во Катар бразилскиот национален тим го смени Тите, па се споменуваа имињата на Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан, Вахид Халилхоџиќ… Ништо од тоа, Бразил се потпре на домашен тренер.

Менезес беше тренер на Васко де Гама, Виторија и уште неколку помали бразилски клубови.

 

ПретходноУникс и го нанесе вториот пораз на ЦСКА; Димитријевиќ прв стрелец!
СледноЦелје пропушти шанса да ја урне Барселона!