Еден од најдобрите ракометари во светот во последната деценија, Никола Карабатиќ мора да направи нова 3-месечна пауза поради повреда. Како што објавија денеска медиумите од Франција, Карабатиќ и покрај тоа што штотуку го продолжи договорот со ПСЖ, нема да му биде на располагање на тренерот во следните 3 месеци, откако стана јасно дека има посериозна повреда на десната нога.
Поддржан од лекарскиот тим на ПСЖ, Карабатиќ ќе мора да следи третман базиран на антикоагуланси кои ќе го спречат да продолжи со физичка активност и вежбање на високо ниво. Тоа е огромен удар за играчот и парискиот клуб бидејќи се ближат завршните дуели во Лигата на шампионите и националното првенство.