Од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку објавија информација дека натпреварувачката комисија на седница в петок ќе одлучува за случајот Гостивар и спорниот настап на играчот Гордијан Христовски на мечот од првото пролетно коло од ВМФЛ против тимот на Локомотива Пехчево.
„Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот “спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување“ – велат од ФФМ.
За потсетување, спорен е настапот на Гордијан Христовски и неговата регистрација за тимот на Гостивар. Доколку се докаже вината на второлигашот, следува автоматско регистрирање на мечотсо службени 3:0, и одзимање на бодови од контото.